МРК Борец стравува дека ќе останат на улица, откако ЈП Парк спорт ги бара клупските простории

Петар Печков

Раководството на ЈП Парк спорт побарало до крајот на месецот МРК Борец да ги напушти клупските простории, кои се во рамките на салата Гемиџии. Раководејќи се од новинарски текст, тие бараат просторијата да се врати, иако во друг текст во друг медиум, од клубот кажуваат дека тој не згаснува, туку нема да се натпреварува оваа сезона. Од МРК Борец стравуваат дека со ова бркање, тие ќе останат на улица.

„Во клупските простории се опремата, документацијата и се што е поврзано со работата на клубот децении наназд. Ако ја напуштиме нема каде да одиме. Немаме долг кон ЈП Парк спорт  а то што не се натпреваруваме, не е по наша вина“- објаснуваат од МРК Борец.

 На поставеното прашање од ЈП Парк спорт зошто бараат иселување на клубот, тие   велат дека не бараат исселување, туку ослободување на просториите.

„Побаравме писмен документ со кој се докажува дека просторијата им е доделна на користење и за кој временски период. ЈП Парк спорт е единствен правен субјект кој стопанисува со овие простории и имаме право да одлучиме на кого ќе ги доделиме. Не е хумано и тотално е неспортски да дозволилме клуб да држи простории а нема амбиции да се натпреварува и исклучен е од натпреварите за 2024/25 година“ – пишува во писмеениот одговор на ЈППСП. 

Од ЈППСП на поставеното прашање од средата 18 септември одговорија на 23-ти,  зошто нема термини за тренинзи на МРК Борец.

 „МРК Борец има два термини  за тренинзи а зошто не ги користи е работа на клубот. Тој од јануари  нема потпишано договор за користење на термини за 2024 година. Од клубот на одговорија ниту на барањето за да достават термини за неделен распоред, но и покрај тоа добија два термини во периодот од 01.09 до 31.12.2024 година“ – дополнија од ЈП ПСП.

Од МРК Борец објаснуваат дека терминот од 15,30 ч не може да го користат оти едноставно во тоа време повеќето од  ракометари се на училиште, бидејќи се средношколци.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати