Аница Солева
Објавено: вторник, 19 јануари 2010
Се работи за трета и последна изложба од наведениот проект кој да потсетиме, опфати 10 автори од Македонија и по 4 од Бугарија и Косово. Темите на создадените дела беа во контекст на позитивното херојство, борба против секаков тип на шовинизам со кој земјите од Балканот беа и (уште се) изложени.
Преку овој проект се создадоа и зацврстија нови стрип мостови, а преку изложбите кои беа масовно посетени се создаде и клима за натамошен развој на стрипот во овие земји. Стрипот како култура и појава нуди широки можности за употреба и треба да му се даде поголема шанса.