На концертот „Кондензиран воздив по тебе“, седум велешки пејачи исполнија седум велешки народни песни (фото видео)

Петар Печков

По повод 9 ноември, денот на ослободувањето на Велес и 80 годишнината од него, се случи невообичаен концерт,  различен, поинаков и единствен. Тој се одржа на сцената од велешки театар. 

Седум велешки песни беа  испеани во нов аранжман од седум велешки пеачи – Баже Натов, Иван Милевски, Катерина Брезева, Тони Андреев, Орхидеја Дукова, Мики Секуловски и Стефани Алчева.

Песните беа во продукција и аранжман на Темелко Андреев а концертот беше наменски за оваа цел, за свечената академија за ослободувањето на Велес. Беа изведени и две велешки ора, во изведба на членови на ансамблот Керамчар.

Концертот беше насловен „ Кондензиран воздив по тебе". Се испеаја велешките народни  песни: Се посврши сербез Донка, Елено Ќерко, Налеј, налеј, На Којник дуќан да имам, Што ми е мило сејмен да шетам по Бузаана, Болен ми лежи Миле Поп Јорданов, Бог да го бие тој Ибраим оџа.

На пејачите  придружба  им беше Камерен црковен хор Св. Пантелејмон под  диригентство на  Славица Ставрева.

Музиката ја исполни составот: Адријана Арлен –пијано, Славеч Пеев –бас, Оливер Тевчев гитара, Стојанче Наумовски –виолончело, гајда и кавал Филип Арлион, тапани Филип Михајлов и традиционален тапан Христијан Саздовски. 

Продуцент на проектот беше Темелко Андреевски, кој најави дека ќе излезе видео запис од концертот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати