Недела во Велес се игра разигрувањето за прв победник во одбојкарската лига на ветерани

Петар Печков

Ветераните на ОК Борец, кои настапуваат во лигата на Одбојкарската федерација на Македонија како Велес, се домаќини на завршниот турнир. Тој ќе се одигра во недела, 17 ноември во салата Гемиџии.

Според распоредот првата средба се игра во 10ч. помеѓу ветераните на Велес и ветераните  на Прилеп. Веднаш потоа е второто полуфинале помеѓу ветераните на Тетово и Струмица.

По кратка пауза се играат средбите за пласман, поразените играат за трето место  а победниците за прво. Финалето според очекувањата би требало да започне во 13,30ч.

Одбојкарските ветерани на Велес се први по одигрувањето на 7 кола со исто толку победи.

Влезот е слободен за сите љубители на одбојката и спортот во градот. За првите три места, предвидени се пехари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати