Нова награда за младата Јована Миладинова, овој пат за главна женска улога во претставата „Едвард Втори“ на Фестивалот во Никшиќ, награда за споредна машка ролја за Васил Зафирчев

Петар Печков

Јована Миладинов ја доби награда за најдобра женска ролја а Васил Зафирчев за најдобра машка споредна улога, на Фестивалот на актерот кој се одржа во Никшиќ, изминатата седмица. Тие играа во претставата „Едвард Втори“ во режија на Андреј Жолдак, работена по текст на Кристофер Марлоу, драматизација на Сашо Димоски.

“Јована Миладинов храбро исчекори од просторот на нејзиниот животен хабитус, и смело се впуштила во значајна режисерска постапка и на фасцинантен начин со зборови, движење, енергија креирала лик на жена распната помеѓу љубовта, страста, но и желбата за власт и силата на моќта. Васил Зафирчев го креираше ликот со особена сценска лирика, со прецизни актерски средства, потпирајќи се на кореографија и сценски движења“ – ги образложи признанијата актерот Зијах Соколовиќ претседател на жирито во кое беа и актерката Весна Чипчиќ и Милош Латиновиќ писател и директор на фестивалот БИТЕФ.

Образложувајќи ја наградата за младата Миладинова, која е студентка на факултетот Европа Прима,Соколовиќ во неколку наврати беше прекинуван со аплаузи од присутните гледачи во театарот во Никшиќ. „Благодарам на жирито но и на публиката, која не следеше мошне внимателнмо. Тие го забележаа секој детал од нашата игра“ - кажа Миладинова при врачувањето на наградата.

Таа неодмна ја доби наградата на Фестивалот МЕСС во Сараево за најдобра млада актерка, истото признание за оваа ролја го доби и на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп годинава.

„За овој проект наградите не се само лични, туку се за претставата, за режисерот. Тоа значи дека жирито ги препознало современите актерски постапки, преку кои ние ги градиме ликовите во претставата. Но ја валоризирале автентичноста на режисерскиот метод на работа. Згора на тоа жирито е во состав на врвни актерски и театрски имиња од регионот“ – кажа Зафирчев.

Актерката Чипчиќ им најавила дека ќе стори се како членка на Белградско драмско позориште, претставата „Едвард Втори“ да се одигра на нивната сцена, бидејќи според понудената естетика, тоа го заслужувала.

Претставата „Едвард Втори“ е копродукција на велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, со Драмскиот театар од Пловдив Бугарија, дел од меѓународен проект насловен „Манифест“. Премиерата беше лани на Охридско лето на 6 август.

За споредна женска улога, наградата ја доби Варија Ѓукиќ од Црногорско народно позориште од Подгорица. За најдобра машка улога наградата ја доби Никола Недиќ од ИТД театарот од Загреб. На 20-тиот фестивал учесници беа театрите ИТД од Загреб, Ателје 212 од Белград, претстава копродукција на Српско  Народно позориште од Нови Сад со Град театар од Будва, Црногорско народно позориште од Подгорица и велешки театар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати