ОК Борец со петмина засилувања во новото првенство

Петар Печков

Одбојкарскиот клуб Борец со пет засилувања во претстојното првенство од Првата лига. Од клубот информираа дека во ОК Борец се вратиле поранешните првотимци Сашо Иваковиќ, Дејан Димовски, Жарко Колев сите тројца  се велешани кои изминатата сезона настапуваа за ОК Лирија од каде дошол и прилепчанецот Методија Басароски.

Новак во клубот е и Србинот Немања Пантиќ од Краљево. Со оглед дека преодниот рок за странци важи до почетокот на превенството, од клубот најавуваат дека ќе се потрудат да ангажираат и уште еден одбојкар од странство.

Одбојкарите се веќе во тренажен процес, се работи во салата Гемиџии, каде же се играат и првенствентеи натпреври  а од следната седмица ќе започнат и со контролни.

Првенството на Првата одбојкарска лига започнува во средината на месец октомвpи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати