Петар Печков
Објавено: четврток, 10 октомври 2024
Одбојкарите на ОК Борец сезоната 2024/25 ја започнуваат од 19 октомври. Во првото коло играат дома, противник им е екипата на ОК Сушево –струмичко. Лигата брои дури 13 екипи, најголем број досега. Се игра еднокружен бод систем, секој со секого по еднаш, баз реванши.
Првите шест екипи, одат во разигрување за шампион, седумте ниско пласирани разигруваат за опстанок. ОК Борец е со аспирации да се палзира меѓу шест прво пласирани.
ОК Борец се засили со пет одбојкари во претстојното првенство од Првата лига. Во клубот се вратиле поранешните првотимци Сашо Иваковиќ, Дејан Димовски, Жарко Колев сите тројца се велешани кои изминатата сезона настапуваа за ОК Лирија од каде дошол и прилепчанецот Методија Басароски. Новак во клубот е и Србинот Немања Пантиќ од Краљево.