Одбојкарите на ОК Борец со победнички старт во Првата лига

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Борец со максимални 3:0, (25:22, 25:18, 25:16) стартуваа во Првата лига. Тие за помалку од еден час го победија тимот на ОК Сушево од струмичко Василево. Клубот со велешките одбојкари,  повратници и со еден интернационалец најавува дека има квалитет за борба за првите шест места во лигата кои водат во разигрувањето. Следен противник на велешани е ОК  Шкендија а натпреварот се игра во Тетово.

Кошаркарите на КК Борец баскет победија во Струмица над составот на КК Академија ФМП со 83:70 во второто коло од Втората лига. По ова коло велешани имаат една победа и еден пораз. Во следното дома играат со КК Соколи од Штип, кој забележа максимални две победи.

Фудбалерите на ФК Башкими од Горно Јаболчиште победија на гостувањето во крушевско Пресил, против ФК Влазними Јуниор со 1:4. Домаќините повеле  по 15 минута за потоа следи пресврт и четири  гола за гостите, прекуЛазами и Ахмедов по два. Со оваа победа и 12 бода, без изгубен натпревар, тие се искачија на третото место.  Во следното коло, деветто, играат со ФК Дреново во Чашка, гостите се 8-ми со девет бода. ФК Превалец кој ова коло беше слободен, и падна на четврто место,  следното игра со ФК Обршани кој е 12 со  три бода.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати