Петар Печков
Објавено: вторник, 01 октомври 2024
Изминатите денови во полицискиот билтен забележани неколку карактеристични настани. Деталите од соопштението на СВР Велес.
На 27.09.2024 во 12 часот во Полициската станица Велес, Љ.А.(36 год) од Велес пријавил дека од влезот во зградата во која живеел бил одземен неговиот велосипед. По преземените мерки и активности, полициски службеници го пронашле велосипедот кај З.С.(37 год) од село Оморани, општина Чашка, по што го вратиле на сопственикот.
На 24.09.2024 во 19.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.С.(37 год) од село Оморани, општина Чашка, поради сомнение дека од објект на улица „Благој Ѓорев“ одзел женска чанта, сопственост на К.П., во која имало пари, лични документи и предмети. Предметите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а З.С. бил приведен во полициска станица.
На 27.09.2024 во 15 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го лишиле од слобода Б.А.(44 год) од Велес. Тој се сомничи дека со употреба на сила од паркирано товарно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на М.З.(19 год) од Велес, одзел земјоделски производи. Б.А. бил приведен во полициска станица, а дел од производите биле пронајдени и се вратени на сопственикот.
На 27.09.2024 во 17 часот во СВР Велес, Р.Н.(42 год) од Велес пријавила дека, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од И.Д.(44 год) од Велес. Во врска со истиот настан, И.Д. исто така пријавил дека, по претходно недоразбирање во сообраќајот со Р.Н. и Н.Н.(22 год) од Велес, додека вршел такси превоз, бил физички нападнат од Н.Н., кој му го оштетил и возилото. Настанот се случил кај Градскиот саат.
По целосно документирање на секој случајот, поединечно ќе бидат проднесени соодветни пријави.