Петар Печков
Објавено: недела, 17 јануари 2010
За локалната власт овој сертификатот значи уште поголема обврска таа постојано да ги подобрува своите услуги, да обезбеди максимално активно учество на граѓаните во одлучувањето и да ја зајакне отчетноста и транспарентноста. Воспоставувањето на системот за управување со квалитет е финална активност на проектот „Борба против корупцијата за подобро управување“ што со поддршка на Програмата за развој на Обединетите Нации-УНДП, се реализираше во четири општини во Македонија. Добивањето на сертификатот е дел од исполнување на Акциониот план на Општина Велес за борба против корупцијата.