Петар Печков
Објавено: четврток, 14 ноември 2024
За прв пат годинава, локалната власт ги награди учениците и нивните ментори од основно и средно образование од Општина Велес, кои добиле награда на државен или меѓународен натпревар во учебната 2023/24 година.
Парична награда добија 106 ученици и 58 ментори, од нив 76 ученици и 40 ментори беа од основните училишта и за 30 ученици и 18 ментори од средните училишта. Меѓу наградените беа и учениците од основното музичко училиште од Велес.
„Со оваа одлука и обезбедените средства за финансиска награда сакавме да ги мотивираме и охрабриме и учениците и нивните ментори, да продолжат по патот на успехот“ – кажа градоначалникот Марко Колев.
Учениците во зависност од пласманот добиваа по 5, 4 или 3 илјади денари за прво, второ и трето место, исто толку и менторот. Доколку ученикот имал повеќе пласмани меѓу првите три, добива една награда и тоа за најдоброто, највисокото освоено место.
фото ФБ/Општина Велес