Пингпонгарите на Борец Тим со максимална победа стартуваа во Првата лига

Петар Печков

 
Започнаа натпреварите од Првата футсал лига. Наспроти оптимистичките најави на велешкиот лигаш за успшен старт со помпезно најавени засилување, доживеаа тежок пораз, загубија со 7:1 (3:0) во Крива Паланка од екипата на КМФ Осогово. Во следното второ коло велешани дома играат со екипата на КМФ Клими која  на стартот одигра нерешено  со составот на КМФ Бутел.  

Започна и натпревареи од Првата пинг понг лига. Пингпонгарите на велешки "Борец-Тим" во дербито од првата пингпонгарска лига, неочекувано со максимален резултат од 4:0 беа подобри од екипата на ППК "Рисови" од Скопје. Тоа беше дуел на минатогодишните учесници во бараж дуелите за влез во Супер лига. Играчите на ППК "Борец-Тим" сите натпревари ги добија максимално со 3:0, без изгубен сет. За велешани, две победи забележа Вили Ангелов, а по една Филип Терзиовски и Димитар Николов,јуниор на кого ова му беше прва победа и тоа во неговиот прв меч во Првата лига. На Димитар му посакуваме уште многу успеси и победи. Мечевие се играа во салата Јане Сандански во Скопје.  За две недели, на 20-ти октомври, ППК "Борец-Тим" го очекуваат два меча и тоа со ППК "Студент" од Скопје и ППК "Кочани" од Кочани.

Се одигра првото коло од Општинската фудбалска лига., во која се натпреваруват девет екипи. Пред почетокот се откажа екипата на ФК Согле.

ФК Врановци - ФК Младост 3:3   
ФК Чашка- ФК  Бузалкова 0:3
ФК Тополка – ФК Бабуна 3:4  
ФК Форца нова - ФК Локомотива 2:3
ФК Горски беше слободен

Во следното коло играат
ФК Младост- ФК Горски
ФК Тополка – ФК Форца нова
ФК Бузлакова – ФК Бабуна
ФК Врановци – ФК Чашка
Слободна ФК Локомотива

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати