Пожар блиску до куќите на селото Грнчиште, Општина Градско

Петар Печков

Од доцна попладне  регистриран е нов пожар.  Овој пат пожарникарите се борат со огнот кај село Грнчиште, Општина Градско,  кој што бил блиску до куќите на селото.  Гори сува трева  и нискостеблеста вегетација, соопштија од Центарот за управување со кризи.

„Општината побара помош, бидејќи нема ниту противпожарни сили ниту ресурси. Притоа, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес, иако се и на гаснење на други пожари, кога го ставија под контрола пожарот кај  Горно Оризари отидоа на помош.  Пожарникарите од Велес, со едно против пожарно  возило и три пожарникари, заедно со мештаните, коишто се самоорганизирани и со трактори на терен дејствуваат врз пожарот и го бранат селото. Направен е заштитен појас околу селото за да се заштитат куќите и другите објекти. Заради променливиот ветар и сувата вегетација, се работи за префрлен пожар преку ридот кон селото што денеска се гаснеше во дел и со воздухопловна поддршка“- информираа од ЦУК

Другите противпожарни единици во централниот  дел на државата се ангажирани на други пожари на отворено, пред се  за гаснење на големиот пожар кај село  Пепелиште, неготинско.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати