Петар Печков
Објавено: среда, 06 ноември 2024
ОВР Кавадарци, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.В (31 год), Н.В.(43 год) и Р.В.(24 год), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „кражба“ по член 235 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик и против З.К.(64 год) од Кавадарци поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело кражба и поттикнал други да го извршат, по член 235 став 1 во врска со член 23 до Кривичниот законик.
„На 14.09.2024, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги затекнале С.В., Н.В. и Р.В. како берат грозје од лозов насад во атар на село Возарци, кавадаречко, сопственост на 54- годишната Л.Р. од Кавадарци. Притоа, во возило комби „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано покрај насадот, и во редовите од насадот биле пронајдени 11 вреќи полни со грозје со вкупна тежина од околу 300 килограми. З.К. го сторил делото на тој начин што го поттикнал Н.В. да го изврши. Имено, тие се сретнале на 13.09.2024 во вечерните часови, пришто му рекол да оди на тој лозов насад и да го обере грозјето“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.