Полицијата со четири кривични пријави за велешани, кои независно еден од друг сторител, извршиле исто толку кривични дела

Петар Печков

Серија кривична пријави за велешани, полицијата ги поднесе до ОЈО Велес. Две се за фалсификување на исправи, една е за фалсификување на девизи а последната е за поседување на дрога. Деталите во продолжение.

СВР Велес поднесе кривична пријава против В.С. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 09.09.2024 на ул.„Вардарска“ на место викано „Малина“, полициски службеници извршиле сообраќајна контрола на патничко возило „бмв“ управувано од пријавениот, при што било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Л. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“. На 16.07.2024 пријавениот на патарина „Сопот“, дал фалсификувани 200 евра.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.Р.(36 год) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 28.09.2024 на клучка Прдејци, во правец кон с.Негорци, полициски службеници извршиле сообраќајна контрола на патничко возило „мерцедес“ при што било констатирано дека регистарските ознаки потекнуваат од друго возило.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.А.(40 год) од с.Лозово, општина Лозово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.08.2024 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати