Пораз за ракометарите нa РК Бисинов и за фудбалерите на ФК Борец

Петар Печков

Во четвртото коло од Супер лигата, РК Бисинов загуби во Скопје од РК Пролет со 30:19 (14:10).  Во првото полувреме велешани дадоа отпор на  екипата која ја забележа првата победа, а имаше и  две реми.  Во вторите 30 минути ракометарите на РК Пролет ја зголемуваа предноста за на крајот да слават со највисоките +11 гола.  По ова коло РК Бисинов е претпоследен 11 со една победа, во група од четири екипи со ист скор а во следното коло, дома игра со составот на РК Куманово кој има исто така една победа. 

Во шестото коло на Втората лига,фудбалерите ан ФК Борец го забележаа петиот праоз . И тоа на гости кај ФК Осогово во Кочани, состав кому ова му е прва радост. До неа стигнаа со гол во 86 минута. Велешани по ова коло се 15, претпоследни од 16 екипи со три бода а во следното го пречекуваат ФК Скопје, кој е 9-ти со 7 бода, една победа и четири реми.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати