Петар Печков
Објавено: четврток, 28 јануари 2010
Иако беше најавено дека после 16-ти ќе бидат превземени мерки за почитување на законските решенија, тоа не се случи. И натаму \"Телекабел\" на корисниците им нуди 10-тина канали за кои нема откупено авторски права, а на дел од програмите оди превод и титл кој не е на македонски јазик. Тие на овој начин ги мамат потенцијалните корисници, бидјеќи веќе утре тие канали ќе мора да бидат исклучени – велат од \"Кејблтел\" подружница Велес. Ваквата состојба била посебно карактеристична за овој град и дел од Скопје, каде \"Телекабел\" нуди пакет од 60-тина дигитални канали меѓу тие се наоѓаат и ХРТ 2, Спорт клуб - срспки спортски канали, РТЛ Хрватска, Пинк филмови, Нова ТВ, ДСФ за кои не постои докуметнација дека имаат откупено авторски права за емитување на подрачјето на Македонија. Од \"Кејблтел\" потсетуваат дека тие се странска инвестиција која бара рамноправност на пазарот но дека надлежните домашни институции многу малку работат на почитување на законската регулатива. Советот за радиодифузија ја разгледувал состојбата по извршениот мониторинг за изминатиот период и на неодамнешната седница изрекол повеќе казни.
Ова е драстично непочитување на законската реглулатива на кабелскиот оператор \"Телекабел\" . Затоа изрековме повеќе мерки и казни бидејќи нашиот моиниторинг во Скопје покажа дека се реемитувани канали за кој нема авторски права. Мораме стрикно да го почитуваме Законот, бидејќи тој е еден од условите за влез во ЕУ. Со оваа пракса продолжуваме натаму се додека Законот стрикно не се применува – изјави Зоран Стефановски претседател на Советот за радиодифуизија.