Петар Печков
Објавено: четврток, 17 октомври 2024
Роберт Папазов, нов претседател на Кајакарска федерација на Македонија. Ова е одлука на редовното изборно собрание, кое се одржа во Скопје.
Со мнозинство на гласови од 20 присутни од десет клуба, Папазов беше избран на функцијата каде ќе остане следните четири години.
Тој доаѓа по предлог на Кајак клубот Бабуна. Досегашен претседател на федерацијата беше Дрилон Леши од Дебар.