Петар Печков
Објавено: сабота, 05 октомври 2024
Се сруши куќа, жената М.В. (47 год) која живееле во неа поминала без повреди, но е згрижена во велешка болница. Настанот се случил утрово, во куќа на ул. Пеце Карев која е од Маалска кон Максим Горки, која ги спојува Којник и Мегдан. Куќата веќе била во лоша состојба и претходно половина падната.
„На ден 5 октомври во 9:10 примена е дојава за падната стара куќа и заглавена жена на ул. Пеце Карев. Територијалната Против Пожарна Единица Велес по примената дојава, упати на лице место едно против пожарно возило и четворица пожарникари спасители“ – соопштија од ТППЕ Велес.
Тие ја извадиле жената од разрушената куќа, и ја предале на екипа на Итанта помош.
„Примен е повик за падната куќа, во која имало внатре жена. Откако ја ослободија, пожарникарите ја предадоа на дежурната екип, констатирано е дека нема повреди и е транспортирана на нервното одделение“ – кажа д-р Василка Пановска, началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.
„Во болница околу 11 ч. примена е пациентка кај која не се констатирани телесни повреди, но проади актуелната состојба времено е задржана на опсервација“ – кажа д-р Билјана Босилкова, портпарол на Општа болница Велес.
За случајот бил известен Центарот за социјални работи Велес.