Сообраќајка кај Извор, две деца повредени, едното со тешки телесни повреди

Петар Печков

Вчера, среда на пладне, во близина на селото Извор, се случила сообрќајна несреќа во која учествувале автомобил и мопед. При тоа две деца, се здобиле со повреди.

„На 13 ноември  во 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат од село Извор кон село Јасеново, општина Чашка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ без регистарски ознаки, управувано од малолетничка од село Извор, велешко и патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(77 год) од Скопје“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од мопедот од село Извор,  на 14 годишна возраст а со телесни повреди се здобила малолетничката која го управувала мопедот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

„Вчера попладне две малолетни лица повредни во сообраќајна незгода се примени во болница. Четиринаесет годишно дете е прегледано од труматолог, констатирани тешки телесни повреди и поради тежината и карактерот на повредите е препратена на понатамошен третман на Детска хирургија во Скопје. Другото дете е прегледано од труматолог, направени се потребните интервенции, дополнителни дијагностички прегледи, задржана на опсервација во текот на ноќта и денес во стабила состојба пуштена дома“- соопшти д-р Биљана Босилкова, портпарол на Општа болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати