Со гол од пенал во последната секунда РК Бисинов се враќа непоразен од Радовиш, во дербито на дното

Петар Печков

Ракометарите на РК Бисинов се враќаат непоразени од Радовиш, каде го играа дербито на дното со екипата на РК Радовиш. Натпреварот на 11 и 12 пласираната екипа заврши без победник 29:29 (11:15). Воздублив финиш во кој помладиот велешки ракометен лигаш стигна до бод во последната секунд од пенал, кој успешно го реализираше Ивица Илиев кој стигна до 12 гола.   Велешани поведоа со 1:6, полувремето го добија со 11:15. Домаќините поведоа со 17:16 во 43мин. А во финишот велешани ја стигнуваа предноста на радовишани од еден гол и на крајот се радуваа на освоениот бод. На клупата на овој натпревар РК Бисинов го водеше тренерот Глигоров. Домаќините играа грубо па добија три црвени картони. Во следното, деветто коло во Велес гостува составот на РК Бутел кој е петтопласиран со 10 бода а РК Бисинов има три.

Футсал составот на КФМ Кеги моби е демолиран во  Куманово од КФМ Форца нова со 15:1. Кумановци се двојни освојувачи на Купот и првенството лани. Во следното коло КМФ Кеги моби игра со составот на КМФ Проект кој е второ пласиран.

Фудбалерите на ФК Борец загубија во Гевгелија од екипата на ФК Кожув која е петтопласирана со 0:2 (0:1). Домаќините го отворија натпреварот со прекасен гол од 20м а конечните 2:0 по голема грешка на велешката одбрана кога домашниот фудбалер им украде топка,  претрча половина терен и сам со голманот ја затресе мрежата на велешани.  По ова осмо коло ФК Борец е претпоследен 15-ти со 4 бода. Во следното во Велес гостува составот на Детонит од Радовиш, кој пред три седмици во Велес победи во Купот. Радовишани се 6-ти со 13 бода.

Фудбалерките на ЖФК Борец во Македонски брод загубија од петтопласираниот  состав на ЖФК Порече со 5:0 (3:0). Велешанки по шест кола се последни без бод со гол разлика од – 46 гола. Во последното есенско коло следниот викенд ЖФК Борец игра дома со екипата на ЖФК Слободен oд Скопје,  која има еден бод и тоа е дерби на  дното.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати