Петар Печков
Објавено: четврток, 07 ноември 2024
Вечерва, четврток 7 ноември велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот настапува на Фестивалот на актерот во Никшиќ, Црна Гора. Во конкуренција за награда е претставата „Едвард II“ во режија на Андреј Жолдак, работена според текст на Кристофер Марлоу, драматизација на Сашо Димоски . Претставата „Едвард II“ е копродукција, дел од меѓународен проект со Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија насловен „Манифест“. Премиерата беше лани на Охридско лето на 6 август.
На фестивалот меѓу учесниците се театарите ИТД од Загреб, Ателје 212 од Белград, копродукција на Српско Народно позориште од Нови Сад со Град театар од Будва, Црногорско народно позориште од Подгорица.
Жирито е во состав актерите Зијах Соколовиќ. Весна Чипчиќ и писателот и директорот на БИТЕФ Милош Латиновиќ. Фестивалот се одржува по 20 пат.
Со претставата „Едвард II“ велешки театар настапи пред еден месец на фестивалот МЕСС во Сараево, каде Јована Миладинова ја доби наградата за најдобра млада актерка, меѓу 11 претстави од седум држави.