Петар Печков
Објавено: недела, 27 декември 2009
Влатко Темелков и 11-то место во Хрватска ни донесоа голема радост. Димче Тасовски и 9-тото место во Полска исто ни направија голем ќеиф. Низ неколку фотографии од овие настани благодарност за се што сторија за Македонија и Велес.
А за радоста да биде поголема, во Хрватска имаше голем број велешани кои не се штедеа да ги бодрат нашите репрезентативци. На фотографијата ќе се препознаат кои се тие.