Петар Печков
Објавено: петок, 01 ноември 2024
Одбојкарите на ОК Борец ја забележаа третата победа во третото коло од Прва лига. Тие дома, во салата „Гемиџии“ со 3:1 (24:26, 26:24, 25:19, 25:22) го совладаа тимот на ОК Универзитет Тетово, кој имаше половичен успех, по една побед и пораз.
Со оваа победа велешани се на врвот со екипата на ОК Штип Универзитет Гоце Делчев, а најголемиот фаворите составот на ОК Струмица има одиграно само еден натпревар, кога и победи.
Во следното коло, викендов велешани гостуваат во Скопје на ОК Работнички, кој има две победи и еден пораз и е испит за квалитетот на екипата.