Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 септември 2024
Ново разочарување на почетокот на Втората лига за навивачите на велешкиот лигаш. ФК Борец дома загуби со 0:1 од ФК Новаци, кој имаше скор од една победа и еден пораз. Гостите победија со голот на Милевски во 96 минута од судиското продолжение од дополнителните 5 минути.
Со поразот лошиот старт на ФК Борец во овој ранг на натпревари продолжува. Надежите за победа не се реализраа а фудбалерите оваа седмица штрајкувале барајќи исплата на заостанати плати.
ФК Борец е последен без ниту еден бод.
Поради настапите на Македонската фудбалска селекција, натпреварите продлжуваат на 14 септември. Велешани во четвртото коло гостуваат во Македонска Каменица на екипата на САСА која има еден бод.