Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 ноември 2024
Неделата претпладне, полицијата уапсила двајца велешани при купопродажба на дрога. Во тој момент, за да го прикрие делото, според полицијата едниот ги голтнал двета пакување,
„На 10.11.2024 во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода М.Т.(48 год) и Ѓ.Д.(39 год), двајцата од Велес. Околу 9 часот, Ѓ.Д. бил затекнат како му продава две пакувања со кафена прашкаста материја на М.Т., кој пак ги проголтал пакувањата откако ги забележал полициските службеници, по што бил пренесен во болница во Велес. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на Ѓ.Д., при што биле пронајдени и одземени 14 пакувања со кафеава прашкаста материја и пари“ – информира Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
„Наспроти препораките на лекарите за здравствен третман, пациентот одбил, се потпишал и бил пуштен од болница“ – соопшти д-р Биљана Босилкова, портпарол на Општа болница Велес.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обивнител, против Ѓ.Д. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“