Четири физички пресметки за еден ден во Велес

Петар Печков

Во билтенот на СВР Велес во текот на вчерашниот ден, среда, пријавени се четири физички напади. Деталите од информацијата на Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

На 18 септември   во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.Т.(38 год) од Велес затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. П.Т. бил задржан во полициска станица.

На септември  во 13.00 часот во СВР Велес бил извршен службен разговор со А.Л.(44 год) од
Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 38-годишна
партнерка.

На 18 септември  во 16.20 часот во Полициска станица Велес било пријавено дека во Велес
бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 41- годишната Р.Џ. од Велес
од една страна и 24-годишната А.Д. од Велес и 22-годишната З.А. од Кавадарци, од друга
страна.

На 18 септември во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода
Е.Џ.(43 год) од Велес постапувајки по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 26
– годишна ќерка со живеалиште во Штип. Е.Џ. бил приведен во полициска станица

Од полицијата додаваат дека по документирање на настаните  против лицата  ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати