Петар Печков
Објавено: сабота, 12 октомври 2024
На полумаратонот во Лозово, на патека долга нешто повеќе од 14км. победи за македонските маратонци.
Адријана Поп Аросва и Дарио Ивановски беа најбрзи на трката одржана на 11 октомври во Лозово. Кај машките второ место за Александар Арсов од Штип, а трет беше Жан Тосев од Струмица.
Во женска конкуренција втора беше Билјана Ристиќ, а трета Ирма Хајдари.
За овој пласман тие од организатарот Општина Лозово беа наградени за прво место со 12.000 денари, за второ место 8.000 денари и за трето место 6.000,00 денари. Пехарите и паричните чекови им ги врачи градоначалникот Бошко Цветковски. На тркта учествуваа околу 50 учесници, кои трчаа со старт од Лозово, преку Милино, Каратманово, Дорфулија и целта беше во Лозово.
Општина Лозово по трет пат, трета година по ред ја организира оваа трка.