Aвантуристичкиот „Црвениот“ трилерот „Конклава“ премиерно во 3Д киноверзум Велес (видео)

Петар Печков

Пет филмови се на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес нареднтеи седум дена, од нив три се премиери.

 Aвантуристичкиот „Црениот“ е филм кој ќе донесе забава за публиката. По шокантното киднапирање на Дедо Мраз  од Северниот Пол, командирот на Е.Л.Ф. Специјалната Единица мора да се здружи со најпознатиот ловец на глави во светот за да го спасат Божиќ.


Трилерот „Конклава“ е премиера во 3Д киноверзум а во светот изминатиот викенд имаше четврта посетеност.  Кога кардинал Лоренс е задолжен да раководи со еден од најтајните и најстари настани во светот – изборот на нов папа, тој се наоѓа во центарот на заговор што може да ги разниша самите темели на Црквата.


Премиера има и анимираниот „200% волк“ насинхронизиран на македонски.  Кога желбата на Фреди Лупин го претвора во врколак и ослободува палав месечев дух на Земјата, Фреди мора да ја врати вселенската рамнотежа пред Земјата и Месечината да се судрат.

Втора седмица на репертоарот е првиот анимиран македонски филм „Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од себеси. Се прикажува четврток, недлеа  вторник од 18ч.


Веном: Последниот танц- американски акционен фим, за супер јунаци.Втора седмица по ред   најгледаниот филм во светот. Том Харди се враќа како Веном, еден од најдобрите и најсложени ликови на Марвел, за последниот филм во трилогијата. Еди и Веном се во бегство. Ги ловат обата нивни света и како што мрежата се затвора, двојката е принудена да донесе страшна одлука што ќе ја спушти завесата на последниот танц на Веном и Еди.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати