Петар Печков
Објавено: петок, 15 март 2024
Јулијана Павлова е Вешта жена за Велес за 2024 година. Манифестацијата која се одржува традиционално, со години наназад, е во организација на Вешта жена и Организацијата на жени Велес.
Павлова ќе го претставува Велес на завршната манифестација за Вешта жена на Македонија, која ќе се одржи во месец мај во Тетово.
На годинашниот настан учествуваа четири жени кои подготвија предјадење, главно јадење, десерт, но се оценуваше и поставеноста и декорацијата на масата, икебана, а жирито заедно со присутните гости ја избра за најуспешна Јулијана Павлова. Еден од спонзорите на манифестацијата е велешки „Кристал 1923“.