Петар Печков
Објавено: четврток, 04 април 2024
Пензионерите од Велес имаа можност да ја проверат здравствената состојба, откако доктор и волонтери на Општинската организација на Црвен крст, реализираа акција на бесплатни здравстени прегледи. Таа се изведе во просториите на Здружението на пензионерите во Велес
„Се реализараа бесплатни лекарски прегледи за лицата од трето доба. Прегледите опфатија мерење на крвен притисок и шекер во крвта. Можноста да се прегледаат и да добијат совет од лекар, ја искористија 40-тина пензионери“ – информираше Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.
фото ФБ/ОО на Црвен крст Велес