Петар Печков
Објавено: среда, 27 ноември 2024
Велешката болница набави нов апарат, кој ќе се користи на очното одделение. Со ново набавениот апарат корист ќе имаат пациентите.
Набавен е современ апарат, кој го замени постојниот, кој бил дотраен и два пати сервисиран. Новиот апарат кој работи со голема точност, е значаен бенефит за пациентите од Велес, велешко и соседните градови.
„Афтокераторефрактометар е апарат кој служи за компјутерско одредување на диоптријата на пациентите. Истовремено има можност да прави мерења кои што овозможуваат да се измери диоптријата на интраокуларната леќа, која би се вградила во окото, доколку се изведуваат операции со фако метода на катаракта, кај пациентите. Досегашниот беше истрошен поради зголемениот обем на работа. Познато е дека секоја година прегледуваме деца кој треба да се запишат во прво одделение“ - кажа д-р Тодор Јаковлевски, спец. офтамолог.
Пациентите кои сакаат да извршат преглед тоа може да го сторат преку редовен упат од матичен доктор, како и кај секој специјалистички преглед.
До крајот на годината во ЈЗУ Општа болница Велес треба да добијат апарат со кој ќе се извршуваат операции на катаракта.
„Сигурно дека следната година во нашата болница ќе се извршуваат операции на катаракта и пациентите ќе добијат нова здравствена услуга“ – додаде д-р Јаковлески.