Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 мај 2022
Членовите на балетското студио Анабела имаа исклучително успешен настап во Ниш- Србија. Викендов во спортскиот центар Мика Антиќ се одржа Меѓународниот натпревар Balkan Dance Unity.
Учество зедоа балерини од различна возраст, во групна и соло категорија. Членовите на балетското студио Анабела се вратија од Ниш со освоени 8 први, едно второ и едно трето место.
Танцовите натпревари со физичко присуство се одржуваат по две годишна пауза поради корона кризата.
Пред две недели балерините од балетското студио Анабела се закитија и со 7 први, 3 втори и 1 трето место на Artist hub dance competition што се одржа во Струмица.