Петар Печков
Објавено: сабота, 17 јуни 2023
,,Гимназија Кочо Рацин“ - Вистинско место за да се биде!
Зошто токму ние сме тој вистински избор?
• Ние нудиме образование по највисоки стандарди
Кај нас учениците добиваат висок стандард на образование затоа што веруваме дека образованието е движечката сила на иднината. Во нашето училиште секоја оценка претставува објективна евалуација на интелектуалниот напор вложен во работата, што кај учениците развива одговорност кон учењето. На тој начин заедно со учениците, негуваме морално здрава средина во која се вреднуваат вистинските, традиционални вредности на образование со иновативен пристап кон наставата.
• Наставникот е академски афторитет и ментор
Наставниците во нашата Гимназија се искусни педагози со голема стручност со кои учениците веднаш се поврзуваат и со кои се чувствуваат емотивно сигурни, а родителите можат секогаш да ги консултираат како ученикот се вклопува во училишните обврски и училишната средина.
• Го почитуваме интегритетот на секој ученик
За нас среќата на секој ученик е на прво место. Поради тоа многу ни е важно секој ученик да се чувствува прифатено, неговите таленти да бидат препознаени и развивани, а ако му е потребна помош во совладување на градивото, тука сме да помогнеме тешкотиите да се надминат. Вашето дете никогаш нема да има чувство дека е препуштено само на себе. Со почитување на неговиот интегритет ја развиваме неговата самодоверба и го охрабруваме сигурно да чекори кон неговата цел.
• Иновативна методика на наставата
Иако во педагошка смисла сме верни на традиционалните вредности, методички нашата настава е иновативна и унапредена на повеќе начини. Наставниците ја поттикнуваат интерактивноста на часовите со ангажирање на учениците и негување на талентот, а низ разни воннаставни активности, работилници и проекти ги подготвуваат за животни вештини кои во овој динамичен свет се еднакво важни како и знаењето.
• Родителот партнер во образовниот процес
Секогаш соработуваме и ги слушаме советите на родителите. Искрено веруваме дека силното партнерство помеѓу гимназијата и родителите е предуслов за сигурен и успешен пат по кој вашето дете чекори кон патот на успехот. Ние сме училиште кое се грижи Вие и Вашето дете да се чувстувате задоволни, исполнети и пред сѐ среќни.
• Избор на подрачја и професии
Секако, најважното е тоа што нашата Гимназија ви овозможува да се подготвите за кој и да било образовен профил и професија преку избор на следниве подрачја:
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ: програмер, инженер, архитект, лекар, ветеринар, фармацевт, математичар, физичар, биолог..
ЈАЗИЧНО-УМЕТНИЧКО ПОДРАЧЈЕ: лингвист, преведувач, толкувач, актер, режисер, драматург, ликовен уметник, дизајнер, графичар, музички уметник...
ОПШТЕСТВЕНО-ХУМАНИСТИЧКО ПОДРАЧЈЕ: педгог, психолог, социјлен едукатор и рехабилитатор, правник, економист, филозоф, социолог, наставник...
По завршувањето на гимназиското образование сите ученици ја избираат државната матура, постигнувајки успеси на истата. Со тоа им се отворени вратите за продолжување на образованието на сите факултети.
• Натпревари и проекти
Нашето училиште е активно на секое поле: натпревари, конкурски, работилници, дебати, а доказ за тоа се резултатите постигнати на државно и меѓународно ниво. Исто така е вклучено во многу проекти, а тие се предизвик за секој ученик.
Не заборавајте дека иднината на секој зависи од неговите знаења и работни навики. Направете го вистинскиот избор, а ние ќе ви помогнме да постигнете успех, ништо помалку Ние сме училиште кое ви нуди гарантиран успех благодарение на сигурната и безбедана средина. Затоа дојдете и бидете ученици во нашата Гимназија и бидете меѓу најдобрите.
ПР текст