Петар Печков
Објавено: среда, 02 март 2022
По една година пауза, поради ковид пандемијата, денес се одржа манифестацијата „Благцата на баба“. Годинава по 26-ти пат. Организатор е традиционално активот на жени пензионерки од Велес.
„Манифестацијата е републичка и имаме гости од 25 градови од земјава. Целта е да се дружиме во време на пензионерските денови и убав после бројните забрани од ковид пандемијата. Таа има и хуманитарен карактер. дел до собраните средства ќе се искористат за лекување на болни деца или за стари и изнемоштени сограѓани„ - кажа Благојка Настова претседателка на активот на жени пензионерки од Велес.
Гостите се дружеа, се потсетуваа на убавите мигови од претходните настани, но и го вкусија многуте слатки, изработени по рецептите на нивните баби, извадени од пожолтените домашни тефтери. Освен евоцирањето на спомените, гостинките си разменија по некој старински рецепт.
Подготвивме старски рецепти, наследени од нашите мајки и баби. Истите рецепти ги предаваме со задоволство на нашите деца. Така ја одржуваме традицијата - Марија Каракамишева од Богданци
Нашите членки подготвија многу вкусни и убави колачи, стини ванилици, целувки. Тоа се бабини блага. Младите треба да се учат од нас за да остане традицијата Нада Чолакова од Неготино