Бројот на туристи во Велес во пораст, бројот на ноќевања опаѓа

Петар Печков

Втора година по ред расте бројот на туристи во Велес а опаѓа  бројот на денови, нивниот престој во хотелите во градот. Лани 2023 година, во Велес престојувале  11.446 туристи, што е 465 гости повеќе од 2022 година.  

Наспроти тоа бројот на ноќевања е 16.747 што е за 805 помалку отколку година дена претходно. Или во просек во 2022 ноќевале 1,6 дена, лани  1,5 дена. Странците  ноќевале 1,47  а домашните туристи  имале  1,44  ноќевања. Ова се податоците според Заводот за статистика на Република Северна Македонија.

Најголемата бројка на ноќевања во Велес  е во 2019-та  со 20.150  па 2017 со 18.864 ноќевања.   Или, зклучокот е дека Велес нема туристичка понуда која ќе ги задржи гостите повеќе од еден два дена, на пропатување.  

Најмногу гости во 2023 година имало во Велес во текот на летните месеци, што зборува дека најголемиот број од нив се транзитни туристи, кои се на минување од или на враќање од одмор во Грција,  преноќеваат да одморат  во хотелите во градот.
Минатата година во хотелите  од градот престојувале 3.866 домашни туристи со 5.558 ноќевања  и 7.589  странски со 11.446 ноќевања.

Најбројни и натаму се туристите од Србија 2.663 гости  со 2.898 ноќевања, бројки кои се во пораст а во Велес престојувале 1,1 ден што зборува дека се транзитни туристи. На второ место се Унгарците со 919 туристи и 950 ноќевања, трети се Романците со 706 гости и 901 ноќевање. Оваа состојба, редоследот на туристеи по држави е идентична како и во 2022 година. Потоа следат Германците со 402 гости и 746 ноќевања  па Бугарите со 379 туристи и 565 ноќевања.

Според бројот на престој по денови, најмногу со три дена престојувале гостите од Италија, па Грција 2,6 дена и Шпанија 2,5 дена. Тоа се ловџии кои доаѓаат во велешко на лов и тие се присутни со години. Со повеќе од два дена престој, што ќе рече дена не станува збор за транзитни туристи се гостите од САД  и Турција со 2,1 ден   и Хрватска со два дена престој.

Во текстот се користени бројки од Заводот за статистика на Република Северна Македонија.

При презентирањето на анализата да се објави дека таа е изработена од порталот Тирековмирече.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати