Петар Печков
Објавено: петок, 15 ноември 2024
Од понеделник треба да се распише тендерот за избор на изведувач на градежните работи на подземната гаража. По нова година во јануари година би започнале градежните работи.
“Бидејќи се работи за поголема сума, рокот на тендерот е 30 дена, 15 дена рок за жалби. Очекувам дека втората поливина на декември да се склучи догворот, ако се мине како што треба во 2025 да започнат интензивни градежни работи“ – кажа градоначалникот Колев, одговарајќи на новинарско прашање од ТрМр за динамиката за реализација на оваа инвестиција.
Инвестицијата е во висина од 132 милиони денари, од нив само 880 илјади се од Општина Велес, безмалку целосно е финансиран од Владата, поточно Министерството за транспорт и врски.
Целта на проектот е преку изградба на подземна катна гаража да се намали сообраќајната гужва во централното градско подрачје и да се обезбеди паркинг простор за 100 возила. Со партерно уредување би се изградил плоштад со амбиент атрактивен за секоја генерација.
Површината на катната гаража е 1.508 м2, влезот е од улица Гоце Делчев.
Бројот на обезбедени паркинг места е 100 возила од кои три се возила за лица со посебни потреби и две се предвидени за електрични возила. Соодветно на потребата и обезбедување на 100 паркинг места е решен пристапот во гаража и внатрешниот сообраќај во објектот со периметрално бочно поставена една рампа за влез и излез. Подземниот паркинг по вертикала е распореден на три нивоа.
Како можен ризик при изведбата на градежните работи во проектот е наведено „Појава на подземни води поради близина на река Вардар и симнување на голема длабина под кота на терен, можност од обрушување на земјани маси“.
Фото ФБ/ linea III