Пругата помеѓу Велес и Скопје повторно е во функција, откако вчеравечер, имало нарушување на железничкиот сообраќај

Петар Печков

Според Центарот за управување со кризи, Скопје, тие добиле  информација од МЖ дека помеѓу станиците Кадина река и Зелениково, товарен воз излетал од шините, околу 21,37ч.

Поради тоа железничкиот сообраќај е во прекин. Повредени лица нема а екипи на  МЖ биле на терен.

Директорот за влеча и одржување на возните средства во „МЖ-Транспорт“, Игор Коруноски околу пладне соопшти дека пругата е пуштена за сообраќај и  не станувало  збор за излетување на возот, туку за излизгување на една осовина од локомотивата, по што била извршена санација. 

Железничкиот сообраќај е нормализиран околу пладне, 12ч. До тогаш не сообраќаа вечерниот патнички воз од Скопје за Велес, утринскиот, како и патничкиот утрински воз  од Битола за Скопје и од Гевгелија за Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати