Валентина Ѓорѓиевска в.д. претседател нa Основен суд Велес

Петар Печков

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 491 седница констатира  престанок на функција ВД претседател на Основен суд Велес, на судијката Билјана Јачева, по сопствено барање.

3а нов ВД претседател е определена судијката Валентина Ѓорѓиевска. Ѓорѓиевска е судијка која работи предмети од кривична област но и стечајни предмети. Избрана е за судијка во Основен суд Велес на 6 февруари 2008 година.

Судскиот совет информираше дека на денешнaта седница го одбил барање за одвоен живот на судијата Александар Шопов од Велес, судија на Апелационен суд Скопје.

„Барањето беше одбиено како неосновано, бидејќи неговото место на живеење е помалку од законски предвидените 100 километри“ – дополнија од Судски совет.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати