Петар Печков
Објавено: среда, 04 септември 2024
ПроКредит Банка продолжува да ја модернизира својата мрежа со отворањето на нова филијала во Велес на улицата 8ми Септември број 114, која ќе ја замени старата локација.
Отсега, клиентите од Велес и околината ќе имаат можност да ги користат поволностите на модерните банкарски услуги коишто се прилагодени на нивните потреби.
За почеток, новата филијала ќе функционира едниствено како 24/7 зона, со цел да овозможи флексибилност за пристап до банкарските услуги во секое време.
Благодарение на современите банкомати, клиентите ќе имаат можност да вршат уплати и исплати во денари и евра, да внесуваат дневен промет, како и да користат drop box сеф за депонирање на поголеми суми на средства.
„Новоотворената филијала во Велес првично ќе функционира како 24/7 Зона со цел да ги задоволиме непосредните потреби на нашите клиенти. Во најблиска иднина планираме да ги прошириме нашите услуги со ангажирање редовен персонал за да обезбедиме сеопфатен опсег на банкарски услуги“ - истакнуваат од ПроКредит банка.
Оваа активност е дел од пошироката стратегија на ПроКредит банка за унапредување на својата мрежа од филијали, фокусирајќи се на удобноста на клиентите и интеграцијата на дигиталните услуги. Банката активно ги модернизира своите филијали на територијата на целата земја со цел да го подобри дигиталниот пристап и личната услуга, осигурувајќи дека клиентите можат ефикасно и безбедно да управуваат со своите финансии.
Сите детали за услугите коишто се достапни во 24/7 Зоните на банката се достапни на веб страницата ProCredit Bank – Зона 24/7 (pcb.mk).
ПР текст