Петар Печков
Објавено: среда, 14 август 2024
Велешка фирма која продала три камиони, пријавила дека е измамена од гостиварска фирма. Деталите од информацијата на СВР Тетово.
„На 7 август во 17 часот во СВР Тетово, полномошник на правно лице од велешко пријавил дека бил измамен од лице од Гостивар, сопственик на правно лице од Гостивар. Според пријавеното, пред четири месеци во Тетово се договориле со гостиварецот да му продаде три товарни возила за цена од 70.000 евра. Откако се договориле, на велешката фирма биле уплатени 30.000 евра и гостиварецот ги зел возилата. Останатиот износ требало да го плати во рок од 10 дена, но до пријавувањето не била исплатена целата сума. Сопственикот на камионите кои биле на продажба, побарал гостиварецот да му ги врати возилата а на неговата сметка му ги вратил парите, но гостиварецот одбивал да му ги врати возилата“ – соопштија од СВР Тетово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.