Велешки театар на гостување во Нови Сад со претставата „Нема струја за електричниот стол“

Петар Печков

Утревечер, сабота во 19,30 ч. гостување на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“  во Нови Сад – Војводина. На сцената на Српско народно позориште ќе биде изведена претставата „Нема струја за елеткичниот стол“ работена по текст на Александар Секулов а во режија на Дејан Пројковски. Претставата е дуо драма во која играат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски. Музиката и нејзината изведба во живо се на Сашко Костов,

Претставата е одиграна на сцeните на Пловдив и Темишвар лани, како дел од содржините  на Европски градови на културата. Годинава како на сцената на Црогорско народно позориште во Подгорица  и во Белград на  сцената од  Београдско драмско позориште. 

Гостувањето претходно во Белград и Нови сад  утревечер на претставата „Нема струја за електричниот стол“ е дел од меѓународниот протокол за соработка „Наши денови“, чии потписници се Београдско драмско позориште, Српско народно позориште Нови Сад, Ујвидеки Шиназ, Нови Сад и театарот „Јордан Хаџи Констатнинво Џинот“ од Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати