Вечер со европски филмови, еден игран и четири краткометражни, сабота попладне во Европската куќа пред велешани, бесплатно

Петар Печков

Со еден долгометражен- детско младински филм и четири кратки, сабота попладне ќе се одржи настанот „Велес на филм“ кој го реализираат Европската куќа  и здружението Арт генератор. Првата проекција е  во 17ч. на хрватскиот долгометражен филм „Дневникот на Паулина П.“ кој бил најгледан лани во хрватските кина. 

Од 19ч. ќе се прикажат четири кратки филмови: грчкиот „Мирни води’-  Димитри се подготвува за задолжителна воена служба, филмот навлегува во неговото секојдневие во последните денови на островот каде што пораснал.

Македонскиот „Баг“ на Филип Момировски- Тања, невработена челистка ангажирана како тестер на софтвер за музички старт-ап, испробува паметен звучник, кој генерира музика врз основа на чувствата на слушателот. Работите тргнуваат во ужасен правец кога паметниот звучник одекнува со застрашувачки звуци среде ноќта. 

Хрватскиот „Екипата“ - Андрија води група пожарникари на местото, но пожарот не му е најголема грижа.

И полскиот „Трамвај“ -трамвај го напушта депото наутро. Како наставничка по географија во средината на триесеттите, секојдневно патува на работа, случајна средба во трамвајот буди долги заспани желби. Влезот е слободен а ќе се прикажат во Европската куќа во Велес.

„Преку овој настан, сакаме да ја поттикнеме филмската култура и креативноста во нашата локална заедница. Со проекции на внимателно избрани европски филмови, целиме да ја споделиме магијата на филмот со публика од сите возрасти, отворајќи врати кон нови перспективи кои инспирираат и зближуваат“ – соопштија организаторите од „Арт генератор“ здружение  кое го организира и Фестивалот на џез, ворлд и современа музика.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати