Викторија Јовановска го промовираше нејзиниот прв роман „Назабени“

Петар Печков

Младата велешанка, роднокрајна авторка, Викторија Јовановска, ја промовираше нејзината прва книга, романот „Назабени“. Таа е дипломиран филилог по општа и компаративна книжевност.

„Темата во романот е прилично темна. Темата е за киднапирана девојка од страна на некој, кој треба да не заштитува. Подоцна приказната се префрла за преживување, за сопствениот живот и борба за слобода.  Книгата одреден период стоеше во драфт верзија, со друга содржина, отколку финалната, што е отпечатена. Ако се биде во ред, би следело продолжение, како во актуелните тв серии“ – кажа авторката Јовановска.

Романот „Назабени“ е во издание на издавачката куќа „Збор“.

„За пофалба е смелоста на авторката, толку млада да се втурне во раскажување на ваква жанровска приказна.  Можеби во прв момент изгледа како хорор приказна,но  има поголема вредност, која што  на крајот читателот  ќе ја осознае“ - рече промоторот Анде Јанков, велешанец,  автор на пет книги. 

Промоцијата беше реализирана како разговор со авторката, на прашање од промоторот и издавачот.  Книгата претходно беше промовирана во Скопје

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати