Владата на трајно користење и го отстапи градежното земјиште во центарот на градот, пред Основен суд Велес

Петар Печков

На последната седница на Владата, таа донела одлука со која земјиштето на паркинг просторот пред Основен суд Велес, го дала трајно на користење на Општина Велес. Тука треба да се гради подземна гаража.  

„Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Македонија на општина Велес за изградба на нова катна гаража за потребите на граѓаните на Општина Велес“ – пишува  во објавата  на ФБ на министерот за транспрот и врски, Александар  Николоски.

 Градоначлникoт Марко Колев во неколку наврати кажа дека тие како Општиан Велeс ќе конкурираат за средства од Владата, дел од 250 милиони кредит од Унгарија, за обезедување на финасиска поддршка за изградба на подземната гаража пред Основен суд Велес.

Архиектите велат дека не е добро да се гради било каква гараажа, катна подземна во центарот на градот бидејќи така ќе остане силниот интензитет на сообраќајот и автомобилите повторно ќе го оптоваруваат сообраќајниот метеж во централното подрачје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати