Петар Печков
Објавено: четврток, 10 октомври 2024
По случувањата со неквалитетната и загадена вода за пиење во Гостивар, Тетово, Струмица, Василево, се отвори дилемата, каков е квалитетот на водата за пиење која ја испорачува ЈКП Дервен? Каде, која лабараторија врши контрола на водат, колку пати неделно, месечно? Одговорот до ЈКП Дервен е дека водата е квалетитна и секојдневно се врши проверка.
„Во Фабриката за преработка на вода за пиење се применуваат процедурите за работа согласно НАССР системот. Во лабораторијата во Фабриката за преработка на вода се врши непрекинат 24 часовен мониторинг на квалитетот на водата за пиење која се пласира од Фабриката до крајните корисници, со 4 анализи дневно. Нашата лабораторија е овластена за вршење на физичко-хемиски анализи. Редовни контроли на водата се извршуваат и од страна на Институтот за јавно здравје на Република Македонија четири пати годишно и секодневно тестирање на водата од страна на акредитирана лабораторија. Сите досегашни извршени анализи покажуваат дека велешани пијат здрава и безбедна вода за пиење“- одговорија од ЈКП Дервен, на поставеното прашање од ТрМр.