Петар Печков
Објавено: петок, 15 септември 2023
Наспроти бројките од другите градови во земјава, во Велес се бележи дека повеќе ученици од лани посетуваат настава во учебната 2023/2024 година. Ова го покажуваат бројките добиени од локалната власт за бројната состојба на почетокот од наставата.
Годинава има вкупно 7.208 ученика од прво до четврта година, наспроти ланските 6.481. Од нив основци се 5.223 а лани биле 4.500, додека во четирите средни училишта има 1.985 а лани 1.992.
Во прво одделение запишани се 470 првачиња три помалку од лани а во 2017 година во Велес и велешко родени се 496 бебиња. Во прва година средно запишани се 583 ученици а лани биле 526.
Најмногу ученици брои ОУ Васил Главинов со 2.168 а најмалку 52 се во ОУ Рајко Жинзифов во Горно Оризари.
Податоците се добиени од локалната власт, по поставено прашање за бројот на запишани ученици во учебната 2023/24 година.