Петар Печков
Објавено: вторник, 28 мај 2024
Откриен е нов случај на голема кашлица во Велес. Според податокот од Институтот за јавно здравје на Македонија, тој е регистриран во периодот од 17 до 25 мај.
Станува збор за дете на 9 годишна возраст, случај кој е регистиран во приватна болница во Скопје, откако детето веќе ја прележало големата кашлица. Тоа било и вакцинирано против пертусис.
Ова е трет случај на голема кашлица пролетва во Велес, претходните два беа во март. Тоа беа маж на 32 годишна возраст и дете на 6 годишна возраст. Случаите се пријавени на почетокот и крајот од март месец. Ниту еден од овие три случаи не бил хоспитализиран.
Поради намалувањето на опсегот на вакцинацијата на децата од претшколска возраст, оваа пролет во неколку градови од Македонија, се јави епидемија на голема кашлица – пертусис.