Во Лозово изгоре куќа во која почина жена која живеела сама

Петар Печков

Вторникот  попладне во село Лозово се случил пожар во семејна куќа на ул. Братство и единство, во која смртно настрадала жена, која живеела сама  на горниот кат. Пожарот го локализирале осумина  членови на ТППЕ Свети Николе, кои пристигнале со две противпожарни возила. За пожарот и последиците информираа од МВР.   

„На 27 август  во 17.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во село Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б. (59 год), која починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на изгореници. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување“ – соопштија од МВР.

 фото архива ТрМр

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати