Во велешката касарната на АРМ собрани 29 крвни единици

Петар Печков

Припадниците на Армијата кои се стационирани во Велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ одново ја покажаа нивната хуманост.  На акцијата  одржана денес  среда 4 септември,  крв даруваа, oфицери, подофицери, професионални војници и граѓански лица со служба во Армијата.

„На крводарителската акција се собраа  вкупно 23 крвни единици. Едно лице даруваше за прв пат и стана дел од големото семејство на крводарители. Ова е втора крводарителска акција, првата беше реализирана во февруари и беа собрани 29 крвни единици“ – информира Орце Николов, секретар на ОО Црен крст Велес.

Истата заеднички ја изведоа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

фото ФБ/ ОО Црвен крст Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати